7 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСокот од калинка смирува, помага при срцеви заболувања, се бори против ракот...

Сокот од калинка смирува, помага при срцеви заболувања, се бори против ракот…

1d74984588d9effd2a11e9255005a86c_XL

Во ситуациите на стрес и нервоза, научниците велат дека можете да си помогнете со убавиот вкус на сокот од калинка.

Навистина помага, барем така велат шкотските научници и резултатите од истражувањето, кое го направиле тие.

Истражувањето, направено на Универзитетот „Queen Margaret“ во Единбург, следело 60 испитаници, кои за време од две седмици секојдневно пиеле сок од калинка. Освен што пулсот им бил мерен пред и после студијата, одговарале и на прашања поврзани со нивното расположение на работното место.

Резултатите биле извонредни. Сите учесници во истражувањето, по изминувањето на двете седмици биле инспирирани, горди, активни и полни со ентузијазам. Во помала мера биле под стрес, биле помалку нервозни и помалку чувствувале вина или срам.

Водителот на истражувањето, др. Емад Ал-Дујаили вели: „Постои оправдан аргумент дека вработените би требалo да пијат сок од калинка, за да го ублажат ефектот на хроничниот стрес и да го задржат доброто здравје“.

Поради тоа што калинките се богати со антиоксиданси, научниците велат дека помагаат во борбата против ракот, срцевите заболувања и процесот на стареење.

Исто така, претходни истражувања го поврзуваат конзумирањето сок од калинки со витката линија, борбата со целулитот, но и со намалувањето на високиот крвен притисок и шансите за срцев и мозочен удар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП