3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНедела на книгата во Битола

Недела на книгата во Битола

Image (14)

Клуб Матица организира Недела на книгата,  од 2 до 5 април во Центарот на Култура во Битола.

Според анкетата спроведена во својот клуб на читатели, се дојде до сознанија и резултати кои покажаа дека овој саем на книга во Битола е повеќе од посакуван, велат организаторите.

Сите битолчани ќе може да најдат безброј наслови и да уживаат во страниците полни љубов и мудрост. За време на неделата на книга, ќе се случуваат интересни промоции и настани кои уште толку ќе ја воздигнат вредноста на пишаниот збор.

„Да” за книга, е саемот за книга кој од 2 до 5 април ќе биде центар на случувањата во Битола и регионот. Од четврток до сабота, саемот за книга ќе биде отворен од 10 часот до 22 часот, а недела од 10 до 15 часот.

Центарот на Култура во Битола е отворен за сите љубители во книгите кои ќе си ги збогатат своите полици со најновите и најбараните наслови од Клуб Матица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП