27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоси со победа ја отвори сезоната

Роси со победа ја отвори сезоната

valentino-rossi

Деветкратниот светски шампион, Валентино Роси, победи на трката за Големата награда на Катар со која започна новата сезонона во Мото ГП шампионатот.

Популарниот ‘Доктор’ ја забележа 109-та победа во кариерата, а до неа дојде во фото финишот на трката на патеката „Лосаил“. Роси во целта имаше предност од 1,1 секунда предност во однос на сонародникот Андреа Довициозо (Дукати) кој трката ја започна од пол позицијата.

Третото место му припадна на уште еден возач на Дукати, Андреа Јаноне, кој го комплетираше ‘хет трикот’ на Италијаните на отворањето на сезоната.

Трката за Големата награда на Катар им донесе уживање на сите вљубеници во мотоциклизмот. Од почетокот до крајот во борба за првото место беа четворица возачи : Лоренцо, Довициозо, Јаноне и Роси. Лоренцо ја водеше трката во најголемиот дел но поради истрошените пневматици на пет круга до крајот го загуби водството, а Роси до челната позиција стигна во последните три круга.

Актуелниот светски првак Марк Маркез го освои петтото место, тој веднаш на стартот направи грешка поради која излета од патеката, успеа да се врати на стазата но не можеше подалеку од петтото место.

Следната трка во Мото ГП шампионатот ќе се вози на 12.април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП