16 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗаминува Касилјас, доаѓа Де Геа!

Заминува Касилјас, доаѓа Де Геа!

casillas-de-gea

Иконата на европскиот првак Реал Мадрид на лето оди во Премиерлигата. Ова е главната вест во Шпанија, откако дел од медиумите веќе најавија дека голманот на „кралевите“ конечно донел одлука да замине од „Сантијаго Бернабеу“.

По 16 години во Реал, Касилјас почнал да се пакува, а Премиерлигата за него е најголемиот предизвик. Негов трансфер се споменуваше и летоска, но реши да остане. Сепак, слабите настапи, свирежите на „Бернабеу“ веќе пресудиле за тој да донесе одлука дека заминува.

Според „ЕСПН“, Реал Мадрид веќе подговтил отпремнина за иконата во вид на оштета поради тоа што има сѐ уште валиден договор со клубот, за да го испрати од Мадрид и наводно сега челниците на мадриѓаните преговараат до претставниците на Касилјас за висината на таа оштета. Се шпекулира дека Реал ќе го искористи Касилјас во обидот да го донесе Давид Де Геа од Манчестер Јунајтед, иако за голманот на мадриѓаните силно заинтересиран беше и Арсен Венгер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП