21 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПокрената иницијатива за скопски карневал

Покрената иницијатива за скопски карневал

Image

Издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ – Скопје на 1-ви април 2015 година, со почеток во 12 часот организираат манифестација „Ставете ги маските“.

Манифестацијата ќе се одржи во Културниот центар „Феникс“, а симболично ќе земат учество и деца од неколку градинки и училишта со нивните маски, при што ќе бидат избрани најдобрите маски и наградени со книги.

На манифестацијата ќе бидат изложени и најдобрите ликовни дела од Меѓународниот конкурс на тема „Карневал“.

Додека пак,  новоформираниот Иницијативен одбор ќе го најави започнувањето на Скопскиот карневал, кој во иднина се планира да биде традиционален.

Инаку, наскоро ќе излезе од печат книгата „Карневалите и карневализацијата“ од авторот Христо Петрески во издание на Издавачката куќа „Феникс“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП