24 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на книгата „И буден сонувам“ од Душко Стефанов во Кавадарци

Промоција на книгата „И буден сонувам“ од Душко Стефанов во Кавадарци

ibudensobnuvam343

Дваесет и четири песни и исто толку мисли ги исполнуваат страниците на втората книга на Душко Стефанов, збриката мисли, песни и поезија „И буден сонувам“, која во среда вечер и официјално ќе биде промовирана пред кавадаречката културна јавност.

На промоцијата која што ќе се оддржи во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ се очекува да зборуваат познати личности од кавадаречкиот јавен живот, уметници и пријатели на Душко Стефанов, а целиот настан ќе биде надополнет со многу музика и поетско читање.

За потсетување, Душко Стефанов пред десет години ја објави книгата „Песочен часовник“, а за неговите особени достигнувања во областа на културата во 2014 година го доби и највисокото одличје на град Кавадарци, седмосептемвриската награда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП