28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаул Гонзалес: Мора да го победиме Киелце во првиот меч

Раул Гонзалес: Мора да го победиме Киелце во првиот меч

gonzalesPresss

Тренерот на ракометарите на Вардар, Раул Гонзалес, смета дека неговите играчи ќе мора да победат на првиот меч со Киелце доколку сакаат да размислуваат за пласман на завршниот турнир.

Вардар, во четвртфиналето во Лигата на шампионите ќе го пречека полскиот шампион на 11. или 12. април во Скопје, а реваншот ќе се одигра една недела подоцна на теренот на противникот.

Киелце е 11-кратен шампион на Полска, екипа составена од врвни интернационалци и неколкумина полски репрезентативци, кои од клупата ги предводи Талант Душебаев, таткото на десниот бек на Вардар, Алекс.

„Киелце е еден од најдобрите светски тимови, кој е предводен од врвен тренер и ќе биде навистина тешко да се елиминира. Во моментов ме интересира само првата средба во Скопје, која мораме да ја добиеме ако сакаме да останеме во игра за фајналфорот во Келн. Не се оптоварувам со мисли за тоа колку разлика ќе биде нашата евентуална предност. Мотивацијата ќе биде клучна, а ние досега покажавме дека вакви мечеви го вадат максимумот од сите нас”, изјавил за клупската интернет страница тренерот Гонзалес.

Шпанскиот стратег има голем респект за тренерот на полскиот тим, Талант Душебаев, чиј помошник беше своевремено.

„Одлично ги познавам квалитетите и размислувањата на Душебаев, како што тој одлично ме познава мене. Ќе биде интересно да ги одмериме силите во еден ваков значаен двомеч. Секоја средба е приказна за себе и навистина со нетрпение го очекувам дуелот со Киелце”, дополни Гонзалес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП