29 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИ учениците може да учествуваат на Конкурсот за стрип

И учениците може да учествуваат на Конкурсот за стрип

stripovi

Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес го објави традиционалниот меѓународен стрип конкурс, којшто во склоп на Меѓународниот Салон на стрипи се организира секој октомври во Велес.

Рокот за поднесување на стрип делата е 15-ти септември 2015, должината на стриповите треба да биде од 1 до 6 табли, А4 формат, (минимално 300 дпи ако се испраќа по електронски пат).

Според персоналот на СЦМ Велес, во иднина треба да се обрне внимание во популаризација на деветтата уметност „низ секој град, секое училиште, секоја заедница“: Како мал прилог кон оваа заложба и оваа година  организаторот официјално ги покани сите училишта низ Македонија да земат учество на овој конкурс.

Меѓународниот стрип салон во Велес има посебно значење за подемот на македонската стрип сцена, пред сé, им овозможи на, тогаш младите, стрип автори контакти со стрип автори и организатори на стрип фестивали од регионот. Кoнтактите стекнати кај нас продуцираа нови и нови познанства и искуства. Како позитивна последица од ова анимирање се формираат нови стрип асоцијации, со што уште повеќе се збогатува македонската стрип сцена.

Присуството на реномирани светски стрип автори на оваа реномирана манифестација, како и должното внимание кон домашните стрип доајени и заслужни дејци, доведоа до зголемен интерес за стрип низ медиумите и јавноста воопшто.

Но, исто така, овој стрип салон има и свое регионално влијание, зашто, по нивно признание, за дел од земјите салонот во Велес е прва можност каде што и нивни автори се афирмираат надвор од нивните земји, што е процес кој продолжува непрекинато.

Репутацијата на овој настан има голема заслуга за насочувањето на институциите  на државата кон стрипот, што доведе до зголемен број финансирани стрип проекти  во годишните програми за култура на Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП