17 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИBalCannes 2025: Бронзена награда за Saatchi&Saatchi за кампањата #НаправиМесто на Македонски Телеком

BalCannes 2025: Бронзена награда за Saatchi&Saatchi за кампањата #НаправиМесто на Македонски Телеком

Македонската креативна агенција Saatchi&Saatchi дел од Publicis Groupe Skopje заокружи уште едно успешно учество на фестивалот Денот на комуникации во Ровињ, враќајќи се дома со нова награда. Агенцијата ја доби бронзената награда за кампањата #НаправиМесто за клиентот Македонски Телеком, во конкуренција на многу други кампањи од земјата и регионот.

Кампањата креирана од Saatchi&Saatchi, која повикува на надминување на разликите и на меѓусебно зближување, беше наградена во категоријата „Телекомуникации“, како дел од натпреварувачката програма на Balcannes 2025.

Самиот успех уште еднаш ја потврдува креативноста и иновативниот пристап на тимот на Saatchi&Saatchi, дел од Publicis Groupe Skopje. Со автентични приказни и силна изведба, кампањата #НаправиМесто успеа да создаде вистински општествен ефект, поттикнувајќи добрина, култура и поврзување. Во нејзината срж беа ставени луѓето – со вистински емоции и искрени пораки кои допреа длабоко и инспирираа промена.

Фестивалот Денови на комуникација (орг. Dani Komunikacija) се одржува во хрватскиот град Ровињ по 11-ти пат, и трае од 15 до 18 мај. Како и секоја година, овој фестивал е домаќин на неколку илјади креативци од регионот кои ги претставуваат своите идеи, иновативни кампањи и креативни творештва пред своите колеги од индустријата. Натпреварувачкиот дел Balcannes, како дел од фестивалот, ги истакнува најдобрите и најкреативни кампањи од Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија и Македонија за изминатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП