20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМакедонскиот КИЦ во Софија подари 100 книги од македонски автори на софиската...

Македонскиот КИЦ во Софија подари 100 книги од македонски автори на софиската Национална библиотека

trhtyhyteebhdt

По повод својот 10 годишен јубилеј од основањето и во пресрет на Светскиот Ден на Поезијата 21 Март, Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија, во петок подари 100 книги од македонски автори на Националната библиотека во Софија.

Најголем дел од подарените книги се стихозбирки од најстарата македонска книжевна генерација, почнувајќи од класикот на македонската поезија Ацо Шопов чие прво дело преведено на бугарски јазик беше објавено минатата година, преку дела од академиците Петре М. Андреевски, Радован Павловски, Богомил Ѓузел, Катица Ќулавкова, до најмладата македонска поетска генерација со дела од Никола Маџиров, Владимир Мартиновски, Јовица Тасевски Етернијан.

Најголем дел од подарените книги се на македонски јазик, а еден дел и книги од наши автори преведени и објавени и во Р. Бугарија. Репрезентативен примерок дела од Струшките вечери на Поезијата исто така беа дел од донираните книги на најголемата библиотека во Р. Бугарија.

Од името на Кутурно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија свое обраќање имаше директорот Васко Шутаров, кој од директорката на Националната Библиотека Борјана Христова прими Благодарница за колекцијата подарени книги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП