12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook соочен со тужби, деца трошеле пари на мрежата без знаење на...

Facebook соочен со тужби, деца трошеле пари на мрежата без знаење на родителите

Facebook-Lawsuit

Американскиот сојузен суд утврди дека „Facebook“ треба да се соочи со групна тужба од граѓани на национално ниво за да се присили социјалната мрежа да врати пари во случаи кога деца преку нејзината интернет страница трошеле пари без дозвола на нивните родители.

Судијката Бет Лабсон Фриман во калифонскиот град Сан Хозе го одреди 19-ти октомври како датум за почеток на судењето, велејќи дека барањата за оштета, кои според проценките би можеле да бидат стотици илјади, би можеле да го присилат „Facebook“ да го промени начинот на кој сега работи со интернет транскации со малолетници.

Исто така, судијката порача дека тужителите нема да можат со групна тужба да бараат поврат на транскациите на нивните деца, туку тоа треба да се направи со поединечни тужби.

„Facebook“ соопшти дека групната тужба нема основа и дека силно ќе се брани.

Според тужбата покрената во 2012-та година, „Facebook“ им дозволува на децата да користат кредитни и дебитни за купување на виртуелна валута „Facebook Credits“. А со оглед дека „Facebook“ тврди дека ваквите продажби се конечни и дека одбиваат поврат на пари, го прекршува законот на Калифорнија.

„Facebook“ тврди дека жалбите се премногу разнолики и дека судската забрана за ваков вид на транскации не би го решила проблемот. Сепак, судијката Фридмен изјави дека државниот закон ги штити родителите и нивните деца во случаи кога „децата повремено ќе ја загубат способноста за проценка“ и го купуваат она што не им треба.

„Иако некои малолетници без сомневање сакаат да продолжат да купуваат со кредитна или дебитна картичка без дозвола за користење, таквите желби не можат да ги спречат наведнети тужители да не бараат политиката на „Facebook“ да се усогласи со законот“, напиша судијката.

Вирутелната валута „Facebook Credits“ не се користи од 2013-та година и истата е заменета со „Facebook Payments“.

Тужбата ја поднесоа две деца и нивните родители.

Едното дете рекло дека мајка му дозволила да потроши 20 долари од кредитна картичка за играта „Нинџа Сага“, но подоцна биле наплатени неколку стотина долари за купувања за кои детето мислело дека се „виртуелна валута во игра“. Другото дете рекло дека ја зело дебтината картичка на своите родители и без дозвола потрошило 1.059 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП