24 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАГоце Смилевски гостин на „Традуки“ на саемот на книгата во Лајпциг

Гоце Смилевски гостин на „Традуки“ на саемот на книгата во Лајпциг

goceSmilevski1

Гоце Смилевски ќе биде гостин на штандот на Европската преведувачка мрежа „Традуки“ на Меѓународниот саем на книгата во Лајпциг, Германија, што се одржува од 12 до 15 март.

Во програмата на „Традуки“ средбата со Гоце Смилевски ќе ја води литературниот критичар Јорг Плат, а ќе учествува и Бенјамин Лангер, преведувач на романите „Разговор со Спиноза“ и „Сестрата на Зигмунд Фројд“, објавени на германски јазик. Гоце Смилевски, во четврток, во 20 часот, во театарот „Факт“ (Fact theater) во Лајпциг, ќе настапи во програмата со наслов „Да се раскажува европската историја“ (“Europäische Geschichte erzählen”). Модератори на вечерта ќе бидат Анемари Турк и Клаудија Дате.

Во програмата на Саемот на книгата во Лајпциг ќе учествуваат четириесетина писатели од светот, меѓу кои и Гинтер Грас, Херта Милер, Мирчеа Картареску, Петер Естерхази, Даша Дрндиќ, Фарук Шехиќ и Амос Оз.

Европската преведувачка мрежа „Традуки“, со седиште во Берлин, на реномираниот Саем на книгата во Лајпциг е постојан организатор на програмата во која се опфатени европските јазици, меѓу кои и македонскиот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП