25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБалерините од балетското студио Арт балет со многу награди на Виена Опен...

Балерините од балетското студио Арт балет со многу награди на Виена Опен 2015

art-balet

Децата од балетското студио Арт балет од Скопје, под раководство на балетските педагози и кореографи Тамара Ѓурчиновска и Бојана Богичевич ја претставуваа Македонија  на меѓународен  натпревар во Виена на Виена Опен 2015.

Малите балерини од Арт Балет за овој натпревар се подготвуваа три месеца бидејќи се натпреваруваа со 18 танцови категории во класичен и модерен балет и вкупно играа 60 деца.

На меѓународниот натпревар Виена Опен 2015 учество земаа над 20 држави, преку 57 балетски студија и танцови клубови, имаше над 630 кореографии во кој учествуваа над 3000 учесници. Во толку голема конкуренција балетското студио се закити со огромен успех и триумфираше со шест први места, четири втори места, три трети места, три четврти места, едно петто место, едно шесто место и едно деветто место.

Малите балерини играа класичен и модерен балет во формации, групи и сола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП