27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗапочнуваат археолошките истражувања на локалитетот Костоперска карпа

Започнуваат археолошките истражувања на локалитетот Костоперска карпа

karpa-520x389

Националната установа Музеј-Куманово започнува со археолошките истражувања на локалитетот Костоперска карпа или Жеглиговски камен-импозантна базалтна карпа од вулканско потекло во околината на Младо Нагоричане.

Според досегашните истражувања на локалитетот Костоперска Карпа е откриено постоење на повеќеслојна населба со континуиран хронолошки  и културен живот. Станува збор за локалитет богат со археолошки материјал од енеолитот,  а откриени се и предмети од железно време, особено садови од керамика, накит од злато, сребро, килибар како и  стаклена паста и бронза.

Во минатото тука постоеле  дури 40 цркви поради кои месноста била нарекувана Мала Света Гора., а во подножјето на Карпата се наоѓаат сочуваните средновековни  цркви „Св. Петка“ и „Св. Ѓорѓи Победоносец“, како и повеќе гробови. Според археолозите на овој простор се наоѓа и ранохристијанска базиликална црква, која се користела за погребување, како и остатоци од средновековни ѕидини. Особено се издвојува подземна просторија која сеуште не е доистражена.

Со реализацијата на археолошките истражувања и со  уредување на локалитетот Костоперска карпа, ова место ќе го привлече интересот на посетителите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП