23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМур ја реши Оклахома

Мур ја реши Оклахома

mur

НБА лигата во ноќта помеѓу четвртокот и петокот понуди две средби, во кои Чикаго славеше над Оклахома во трилер завршница, а Портланд го декласира Далас.

Чикаго без тројца играчи од стартната петорка (Роуз, Батлер, Гибсон) славеше над Оклахома со 108:105 со тројката на Мур постигната на две секунди до крајот на мечот. Мур натпреварот го заврши со вкупно 19 поени и само едно промашување од поле.

Булс ги предводеше Миротиќ со 26 поени, додека Данливи Јуниор и Гасол постигнаа по 21 поен, а Шпанецот имаше и 12 скокови.

На спротивната страна Вестбрук стави крај на серијата од четири натпревари во која имаше ’трипл дабл’ ефект. Вестбрук на крајот зад своето име запиша 43 поени, 8 скока и 7 асистенции.

Бекот на Оклахома во играта имаше поддршка уште само од Серж Ибака (25 поени), додека останатите негови соиграчи целосно потфрлија, поради шти и Оклахома ја загуби предноста од седум поени со кои влезе во последната четвртина.

Портланд убедливо славеше над Далас со 95:74, но сенка на победата фрли повредата на Весли Метјуз, кој ја скина Ахиловата тетива и за него сезоната заврши.

Портланд до победата го предводеа Ламаркус Олдриџ и Николас Батум кои заедно искомбинираа 32 поени и 24 скока – Олдриџ (17 поени, 12 скока), Батум (15 поени, 12 скока).

Кај Далас по 12 поени постигнаа Елис и Стадемаер, додека останатите беа далеку под својот просек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП