19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИвана Пирковска е добитник на првата награда за скулптура

Ивана Пирковска е добитник на првата награда за скулптура

ivana nagrada1

Ивана Пирковска е млада уметница, која е добитник на првата награда за скулптура од проектот за Млади уметници на Агенцијата за млади и спорт.

Нејзините почетоци во ликовниот свет датираат од најмала возраст кога детските цртежи и слики биле наградувани на локални и на меѓународни изложби.

Нејзиното дело „Mинута за себе”, кое е едно од првите пет наградени дела на овогодинешниот конкурс за избор на најдобрите млади уметници говори за желбата за себеспознавање.

„Исталацијата „Минута  за  себе!“ претставува своевидно бегство од глобалниот хаос. Засолнувањето во внатрешноста на тој мал медитативен простор го подразбира времето  посветено за себеси, за нашето индивидуално самоспознание и единство со Универзумот. Според Сократ само она самоспознание кое доаѓа од внатрешноста на битието е вистинско спознание, услов за мудроста, за љубовта и вистината. Со набљудувањето на инсталацијата однадвор, а и луѓето кои ги познавaме површно, не можеме да ја осознаеме вистината. Вистината лежи во индивидуалното себство, а нашето трагање надвор од  себе нè доведува во судир како со другите,  такa и со себеси, со она најнепознатото, со самите себеси, со нашето неосознаено битие. Оттука самиот наслов на инсталацијата истовремено претставува апел и желба за самоспознавање кое е повисока ментална активност од интелектуалната”, вели Пирковска.

Таа вели дека секој од нас мора да најде време да се соочи со себе и да се спознае  себeси.

„Се  разбира дека овој проект на Агенцијата за спорт и млади е за поздравување и би било добро тој да стане традиционален, затоа што верувам дека има многу млади и талентирани уметници. Тие, и покрај сите тешкотии кои ја следат уметноста, особено младите кои немаат никакви  услови  за работа, ателјеа, материјали, го делат моето мислење дека секако финансискиот момент, покрај креативниот е најважен. По завршувањето на Факултетот немаат можност за вработување, а сето тоа ги дестимулира, едноставно ги убива уште на самиот старт на нивната кариера. Голем број млади образовани уметници имаат многу добри креативни идеи, но немаат материјални средства да ги реализираат, така што со овој проект им се дава вистинска поддршка“, додава Пирковска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП