9 јули, 2025
ПочетнаМАКЕДОНИЈАУбавата гркинка кажа многу грди зборови за нас во Европскиот парламент

Убавата гркинка кажа многу грди зборови за нас во Европскиот парламент

Вчера на пленарната седница на Европскиот парламент каде што се дискутираше Извештајот за напредокот на Македонија кон Европската Унија беа испратени многу навредливи пораки кон нас македонците.

Грчката европратеничка Афродити Латинопули истакна дека „таа е вистинска горда Македонка“, а не „лажна како жителите на Скопје“.

Таа ги поддржа бугарските ставови за македонскиот идентитет и јазик, велејќи дека пристапувањето на земјата во Европската Унија „нема да се случи ниту во соништата“.

„Денес ќе зборувам како Македонка, бидејќи сум горда Македонка, вистинска, а не лажна како жителите на Скопје. Тие се срамат да кажат што се. Стигнавме до точка каде што честа на Македонија и Грција ја бранат Бугарите. Нивната реакција е коректна бидејќи знаат дека сегашниот јазик во Скопје е бугарски дијалект и дека нивната националност е бугарска. Ако сакате мир и добри односи на Балканот, историјата мора да се обнови, во спротивно пристапувањето во ЕУ нема да се случи ниту во нивните соништа. Македонија е една и таа е грчка“, рече Латинопули.

Да потсетиме дека односите меѓу Македонија и Бугарија беа нарушени по бугарското вето за почеток на преговорите на Македонија за пристапување во ЕУ. Во 2022 година, Софија го повлече ветото откако Македонија го прифати францускиот предлог, кој предвидува вклучување на бугарското малцинство во македонскиот Устав.

Патем, Бугарија, која е членка на Европската Унија од 2007 година, инсистира Македонија формално да признае дека нејзиниот јазик има бугарски корени. Бугарија тврди дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик, а обете земји тврдат дека имаат одредени историски настани и личности, главно од отоманската ера.

Македонија смета дека нејзиниот идентитет и јазик не се отворени за дискусија.

Гласањето во ЕП за Извештајот за Македонија се одржа денес.

Со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“, Европскиот парламент денеска го усвои Извештајот за напредокот на Македонија за 2023 и 2024 година, изготвен од специјалниот известувач Томас Вајц, европратеник од Австрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар