8 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАТринаесет македонски писатели објавени во Романија

Тринаесет македонски писатели објавени во Романија

pisateli mk

Деновиве во Романија од печат излезе 142-от број на списанието за култура „Хелис“, во кое објавена е поезија на тринаесет македонски писатели.

Станува збор за претставници на македонската поезија од повеќе генерации, како Георги Сталев Поповски, Александар Поповски, Петко Дабески, Василе Димески, Радован П. Цветковски, Панде Манојлов, Зоран Пејковски, Весна Мундишевска-Велјановска, Кире Неделковски, Милица Радевска, Мирјана Стојановска, Љерка Тот-Наумова и Зоран Анчевски. Изборот на поезијата и препевот на романски јазик го направи македонскиот писател Димо Димчев.

Оваа културно-писателска врска претставува само уште еден чекор во зацврстувањето на македонско-романските културни меридијани. Наскоро Битолскиот книжевен круг, чиј претседател е писателот и драматург Зоран Пејковски, во списанието „РАСТ“, коешто излегува во рамките на Битолскиот книжевен круг и е поддржано од Министерството  за култура на Република Македонија, покрај останатите автори ќе бидат објавени и книжевни дела на романски писатели, со што практиката на плодна соработкана македонски писатели и списанија со угледни романски писатели и списанија ќе продолжи и во иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП