25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДе Геа сака да си замине од Јунајтед и да потпише за...

Де Геа сака да си замине од Јунајтед и да потпише за Реал!?

David-De-Gea-536035 (1)

Давид де Геа најверојатно веќе го испратил својот агент во Мадрид да го „заврши“ трансферот во Реал!

Шпанецот треба да потпише нов договор со Манчестер Јунајтед, но преговорите „заглавија“ и постои голема шанса Де Геа да не стави потпис на новиот договор!

Од Јунајтед пристигна демант за било какви проблеми, но шпанците продолжуваат да инсистираат дека Де Геа е се подалеку од потпишување на нов договор со англискиот клуб.

Контроверзниот шпански агент Гаљардо вчера беше гостин на шпанската државна телевизија и рече дека агентот на Де Геа е во Мадрид и дека работи на неговиот трансфер во мадридскиот клуб.

Очигледно, Де Геа и Ван Гал не се во добри односи и поради тоа шпанскиот голман сака да се врати во татковината.

Останува да видиме дали Јунајтед сепак ќе го предомисли Шпанецот да го потпише новиот договор или пак тој на крајот на сезоната ќе ги смени клупските бои.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП