26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит падот на цените на нафтата го притисна енергетскиот сектор

На Волстрит падот на цените на нафтата го притисна енергетскиот сектор

berza1

На Волстрит во четвртокот индексите Dow Jones и S&P 500 забележаа благ пад, што во прв ред е последица на падот на цените на акциите во енергетскиот сектор поради остриот пад на цените на нафтата.

Така во четвртокот индексот Dow Jones беше послаб за 0,06 отсто, на 18.214 поени,м индексот S&P 500 падна за 0,15 отсто, на  2.110 поени, одека, пак индексот Nasdaq зајакна за 0,42 отсто, на 4.987 индексни поени.

Најмногу падна индексот S&P на енергетскиот сектор, бидејќи цената на нафтата на американскиот пазар потона за 5,5 отсто, на 48,20 долари за барел. Тоа беше последица на  резервите од нафта во САД кои минатата седмица се зголемија за повеќе од 8 милиони барели, достигнувајќи ги рекордните нивоа веќе седма седмица по ред, што е уште еден показател дека побудата и натаму е поголема од побарувачката.

На претпазливост учесниците во тргувањето на берзите ги наведоа и изјавите на двајца функционери на американската централна банка Federal Reserve (Fed), дека би можело да бидат зголемени клучните каматни стапки во текот на претстојното лето или есента, бидејќи се очекува раст на инфлацијата. Од една страна, во четвртокот објавените податоци покажуваат дека потрошувачките цени во јануари забележале најголем пад од 2008 година, меѓутоа гувернерите на Fed очекуваат стабилизација на цените на нафтата до летово, а со тоа и пораст на потрошувачките цени.

И додека падот на енергетскиот сектор ги притисна индексите Dow Jones и S&P 500, растот на цените на акциите во технолошкиот сектор го поттикна подемот на индексот Nasdaq, кој се приближи до психолошки важното ниво од 5.000 индексни поени.

Најмногу во четвртокот, меѓу 14 и 24 отсто, скокнаа цените на акциите на „Avago Technologies“ и на „Emulex“, по весите дека првата ќе ја преземе втората компанија. Значително, за 1,3 отсто скокна и акцијата на „Apple“ надоместувајќи дел од загубата од средата.

Благодарејќи на тоа, индексот Nasdaq тргна кон највисокото ниво во својата историја од 5.132 поени, којашто ја достигна во март 2000 година, непосредно пред таканаречената „дот-ком криза“, кога остро паднаа цените на акциите на телекомуникациските и технолошките компании. Од друга страна, по слабиот јануари, индексите Dow Jones и S&P 500 силно скокнаа во февруари, достигнувајќи нови највисоки нивоа во историјата, па се на пат да остварат најголема месечна добивка од октомври 2011 година.

„По тешкиот јануари и првиот дел од февруари, деловните резултати на компаниите го поттикнаа пазарот. Потрошувачкиот и здравствениот сектор навистина пријатно ги вложувачите“, вели во анкетата на Reuters Брус Заро, стратег во компанијата „Bolton Global Asset Management“.

Компаниите од составот на индексот S&P 500 остварија во последниот минатогодишен квартал раст на добивката од 6,8 отсто во однос на истиот период претходната 2013 година. Тоа претставува повеќе од 4,2-процентен раст, колку што аналитичарите во анкетата на Reuters очекуваа во јануари, но помалку од 11 отсто, колку што очекуваа во октомври 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП