18 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонцерт “Музички времеплов” со градскиот мешан хор “Вардар”

Концерт “Музички времеплов” со градскиот мешан хор “Вардар”

aza

Градскиот мешан хор “ВАРДАР”на 28.02. 2015 г. во 20 часот во Музејот на македонската борба ќе одржи концерт под мототоМузички времеплов”, проект поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

Диригент: Јасмина Ѓорѓеска

Пијано придружба: Андрејa Наунов

Солисти: Ѓоко Танески, Јане Дунимаглоски, Златко Велковски и Лидија Атанасоска

Група: “Ај кју”.

Градскиот мешан хор “Вардар” од Скопје на својот петнаесет годишен јубилеј подготви специјална програма од популарни композиции со што сака да претстави една нова димензија на хорското интерпретирање, еден нов модерен приод кон хорската музика.

На програмата се наоѓаат црнечки спиритуали кои се омилен хорски репертоар ширум светот и во кои подеднакво ужива и публиката и изведувачите .Покрај црнечките спиритуали, премиерно ќе бидат изведени  поп композиции следејќи го трендот на новото време и потребата да се музицира на современи и општо популарни композиции.

Посетителите ќе ги потсетиме на култните композиции како: “Боемска рапсодија” на Квин и Фреди Меркјури, “Јестрдеј” на славните Битлси, песни од мјузиклот “Коса”, “Странци во ноќта” и многу други евергрин шлагерите напишани во повеќегласни аранжмани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП