28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамирници кои ќе ви помогнат да се ослободите од наталожените масти во...

Намирници кои ќе ви помогнат да се ослободите од наталожените масти во текот на зимата

ovesna-kasa

Диетата не мора да се сведува само на оброци од варени пилешки гради и незачинети зелени салати. Некои вкусни оброци исто така можат да помогнат при симнувањето на килограмите, а воедно и да влијаат позитивно на здравјето.

Освен здравствените предности и одличниот вкус, оваа храна ќе ви помогне да го обликувате телото.

Авокадо

Ова овошје е одличен извор на мононезаситени масти кои поспоро се варат и ослободуваат хормони кои даваат подолго чувство на ситост. Интересно е дека луѓето со калориски ограничена диета која вклучува и авокадо може да изгубат повеќе килограми од оние кои внесуваат ист број на калории, но без авокадо.

Маслиново масло

Ова масло е моќен антиоксиданс кој природно ги „гаси” воспаленијата, спречува оштетувања на клетките кои придонесуваат за развој на хронични болести. Маслиновото масло е богато и со мононезаситени масти, кои го намалуваат наталоженото сало на стомакот.

Грчки јогурт

Освен што е добар за варењето, јогуртот ви дава енергија, бидејќи е богат со протеини. Една порција јогурт содржи околу 20 грама протеини, што е еднакво на половина пилешки гради.

Телешко месо

Доколку сте на некој специјален режим на исхрана, потрудете се да внесувате доволна количина на протеини, бидејќи тие се неопходни за одржување на вашата мускулна маса. Што повеќе мускули имате, толку подобро вашето тело ќе ги согорува калориите. Австралиските научници неодамна открија дека жените кои конзумираат немасно црвено месо губат околу 25 проценти повеќе од тежината од оние кои не го козумираат.

Овесна каша

Оваа храна се вари поспоро од повеќето други јаглеродни хидрати, што одржува стабилно ниво на шеќерот во крвта. Доколку за доручек јадете овесна каша, ќе бидете сити долго време. Само една шољичка содржи 8 грама влакна, значи околу третина од дневните потреби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП