7 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНе лупете го зеленчукот!

Не лупете го зеленчукот!

04

Околу лупењето на намирниците постојат несогласувања, а американскиот нутриционист Кејти Кавуто смета дека одредени видови треба да се јадат неолупени.

Зеленчукот би требало да биде составен дел од дневното мени, се согласуваат сите лекари и експерити за исхрана. Сепак, околу лупењето на намирниците постојат несогласувања, а американскиот нутриционист Кејти Кавуто смета дека одредени видови на зеленчук би требало да ги консумираме неолупени, бидејќи во нивната лушпа се наоѓаат скапоцени состојки.

Таа препорачува компирот, морковот, модриот патлиџан, пашканатот и краставицата само добро да се измијат пред употребата, бидејќи отстранувањето на тенката кожичка само го елиминира големиот број на хранливи состојки.

Во кората на компирот се сместени дури 20 проценти од витамините Б и Ц и минералите, а тука се и влакната. Скапоцените антиоксиданти кои го зголемуваат имунитетот и штитат од рак, се наоѓаат во лушпата од морковот и пашканатот. Во лушпата од модриот патлиџан е скриен назунин, моќен антиоксидант, кој го забавува оштетувањето на клетките, спречува стареење и дијабетес. А, кога ќе ја олупите краставицата, во ѓубре сте ги фрлиле влакната кои спречуваат опстипација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП