25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНовото продолжение на ‘Alien’ ќе го режира Нил Бломкамп

Новото продолжение на ‘Alien’ ќе го режира Нил Бломкамп

alien

Новото, четврто по ред, продолжение на научно фантастичниот хорор филмски хит „Осмиот патник“ (Alien) од 1979 година, ќе го режира Нил Бломкамп со кого неодамна договор склучила американската филмска компанија „20th Century Fox“, објави во четвртокот списанието Variety.

Нил Бломкамп, кој ги режираше „District 9“, „Elysium“ и најавениот научно-фантастичен трилер „Chappie“, минатиот месец на инстаграм објави неколку скици од новиот филм „Alien“ на кој работел без авторизација од некое студио.

Во најновиот свој пост на инстаграм потврдил Бломкамп потврдил дека ќе го режира новото продолжение. „Хм, … мислам дека тоа официјално е мојот нов филм“, напиша режисерот.

Се уште не е познато дали улогата во новото, се уште неименувано продолжение, повторно ќе ја одигра маестралната Сигурни Вивер, којашто играше во сите претходни четири филма.

Ридли Скот ќе го продуцира филмот во својата продуцентска куќа „Scott Free“.

„Осмиот патник“ оствари голем комерцијален успех, како и признанија од критиката што резултираше со снимање на уште три продолженија „Alien – 2/Aliens“ кој го режираше Џејмс Камерон, „Alien 3“ во режија на Дејвид Финчер и „ Alien: Resurrection“ кој го режираше францускиот режисер Жан-Пјер Жуне.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП