19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСредба со Христо Петрески и промоција на книгата „Погрешен човек“

Средба со Христо Петрески и промоција на книгата „Погрешен човек“

hristo-petreski111

Во Мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во четврток, 19-ти февруари, во 18 часот ќе се одржи средба со истакнатиот македонски писател и културен деец Христо Петрески.

Во оваа пригода ќе биде промовирана неговата поетска книга „Погрешен човек“ за која ќе говорат Васил Тоциновски, Александар Прокопиев и Виолета Танчева Златева.

Христо Петрески е автор на повеќе поетски, прозни и критичко есеистички дела за кои е добитник на бројни награди меѓу кои и наградата Ацо Шопов на Друштвото на писателите на Македонија. Неговите дела се преведени на повеќе јазици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП