20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПрезентација на францускиот скулптор Yves Koerkel

Презентација на францускиот скулптор Yves Koerkel

Yves-Koerkel-4

Презентација на францускиот скулптор Yves Koerkel, ќе се одржи во Автономниот културно социјален центар, во недела, во 20 часот, во врска со неговите скулптури и принципот Tessellation, врз основа на кој ја гради својата уметност.

Скулптурите на Yves Koerkel се направени од рекламни постери секогаш свиткани според истите дијаграми. Сировиот материјал за скулптурите се состои од пробни отпечатоци или постери на крајот на рекламните кампањи.

Понекогаш се тоа постери откинати од уличните ѕидови или се печатат по потреба. Во текот на десетте години тие се доста променети. Од ѕидовите каде што висеа тие се спуштија на земјата или се искачија на таванот во автономни простори кој овозможуваат разноликост на формите, брусејќи ги така да се ослободат од гравитацијата.

Постерите секогаш содржат портрети кои еднаш оформени може да повикаат антропоморфни објекти, идеи, референци за уметност или историјата на архитектурата, различни царства, нашето време. Човечките суштества секогаш се портретираат и препознаваат себеси како дел од едно семејство, заедница, племе или раса. Yves се обидува да го отслика ова со екстрахирање слики од поплавата што ги проткајува нашите секојдневен животи и култура. Овие слики постојано се заменуваат со други во она што се чини дека треба да биде постојан и бескраен проток кој произлегува од историјата на уметноста и човечката репрезентација. Тој се обидува да даде објаснување на овие особени времиња во кој живееме и за тоа колку е лесно да се произведат и да се репродуцира слики и истите да се распространат.

Настанот е во организација на Креативен викенд, кој заедно со Yves пред скопската презентација, неговата работа, воедно и проектот Креативен викенд заедно со уште неколку македонски и српски проекти и уметници (post global trio, Тони Димитров, Amplidyne Effect, Milos Tomic, Igor Stangliczky) ќе ги претстават и во Белград.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП