20 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВи ја откриваме тајната за витката линија на Французинките

Ви ја откриваме тајната за витката линија на Французинките

francuzinki6565

Храната е важен сегмент на секоја култура, па затоа можеме да ги разликуваме културите во кои луѓето јадат за да преживеат од оние во кои луѓето живеат за да јадат. Французите се најверојатно најдобар пример за овие вторите.

Токму затоа што е познато дека тие навистина уживаат во својата кујна која изобилува со заситени маснотии и подразбира фамозни сирења со секој оброк, неизбежниот десерт и foie gras (изнутрици од патка), па жените од целиот свет се прашуваат: Зошто Французинските толку витки и слаби?

Најмногу чуди токму фактот што тие и не се трудат да бидат такви, туку едноставно уживаат.

Ова се нивните принципи во исхраната…

1. Француските оброци траат долго

Дури и во работните денови францускиот ручек трае најмалку час и половина. Оброкот се состои од повеќе фази, при што „entrеe“ подразбира сложена салата од разновиден зеленчук, после што следи „plat principal“ кој се состои од месо, риба и прилози од јаглени хидрати. На ред се сирењата, па десертот и на крај кафето. Тајната на витката линија лежи во јадењето со бавно темпо, долгото џвакање и уживањето во секој залак. Значи, додека да дојде на ред главното јадење, нивиот мозок веќе ќе добие сигнал дека е половично сит – и тоа веќе од салатата!

2. Французинките не се прејадуваат

Тие уживаат во храната, но притоа добро знаат дека умереноста е тајна за одржување на витката линија. Знаат дека предјадењето е само предјадење и нема да се обидат да се најадат од него. Исто така, кога пред нив ќе се постави чинија со 10 вида на сирење, поголемиот дел од нив ќе пробаат еден до два вида. Значи, свесни се дека умереното количество на храна е најважна ставка за одржување на виткоста.

3. Французинските јадат дома

Со оглед на фактот дека паузата за ручек трае најмалку еден час, тие често јадат во својот дом, каде исхраната секако ќе биде поизбалансирана од онаа во некој ресторан или кантина, па така ќе содржи помало количество на додадени масти, шеќери и адитиви. Домашната кујна е секогаш најдобар избор кога сакате да ја скротите гладта, бидејќи мозокот веќе при самото готвење од различните мириси ќе се засити, а освен тоа, намирниците од домашната кујна се поквалитетни, што секако овозможува поголемо уживање.

4. Нема забранети намирници

Французинките смеат да јадат се, па и полномасни сирења и колачи во кои ќе уживаат, но во разумни, мали количини, затоа и нема причина за ордрекувања. Освен тоа, полномасната храна остава подолго чувство на ситост за разлика од диеталните намирници кои на мозокот многу побрзо му испраќаат порака за глад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП