На конкурсот на Издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата „Македонија презент“ на тема „Книга и чај“, во рамките на Фестивалот на чајот и читањето, пристигнаа голем број ликовни прилози.
Наградата “Арт Феникс“ за најдобри ликовни дела ја доби Дејан Богојевиќ од Ваљево (Србија).
Во најтесна конкуренција за наградата беа и: Наташа Петковска (Македонија), Ангелка Античевиќ и Јасмина Васиљевиќ – Мима (Србија), како и Звјездана Жуниќ (Хрватска).