19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПоетскиот караван на ДПМ во Крива Паланка

Поетскиот караван на ДПМ во Крива Паланка

pisateli

Поетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија продолжува во Крива Паланка, со учество на 20 истакнати поети, на 26 февруари во 19 часот.

На отворањето на манифестацијата ќе зборуваат Александар Рангелов, директор на Центарот за култура на Крива Паланка, и Веле Смилевски, претседател на ДПМ. Договорено е оваа средба да биде традиционална и секоја година да се одржува во втората половина на февруари.

Новиот циклус поетски каравани Друштвото на писателите на Македонија го започна минатиот месец во Свети Николе. Во текот на оваа година, во рамките на проектот за дисперзија на културните настани во Македонија, ДПМ ќе реализира 17 поетски каравани. Покрај договорената соработка за оваа манифестација со библиотеките во Гевгелија, Куманово и Велес, со Домот на културата „Иван Мазов“ во Кавадарци, со литературните манифестации „Караманови средби“ во Радовиш и „Ганеви денови“ во Кожле, поетите ќе го продолжат караванот и во Струмица, Тетово, Битола, Штип, Лазарополе, Македонски Брод, Кичево, Демир Хисар, Крушево и Охрид.

Поетскиот караван ќе заврши со традиционалната манифестација „Средба на генерации“ во рамките на Деновите на Блаже Конески кои секоја година се одржуваат од 17 до 19 декември, денот на раѓањето на големиот македонски поет, основоположник и прв претседател на македонската писателска асоцијација. Во поетскиот караван на ДПМ низ Македонија ќе земат учество 80 поети од различни генерации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП