17 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗаменските хормони го зголемуваат ризикот од рак на јајниците

Заменските хормони го зголемуваат ризикот од рак на јајниците

apcinja-6

Заменските и препаратите за надоместување на хормоните како терапија го зголемуваат ризикот од појава на рак на јајниците, според студијата објавена во медицинскиот магазин Lancet.

Научниците од универзитетот Оксфорд утврдиле дека на секои илјади жени повозрасни од 50 години, кои земале хормони во текот на пет години, се појавувал еден дополнителен случај на рак на јајниците.

Хормонската терапија се користи за да се ублажат симптомите на менопаузата коишто можат да бидат толку тешки што го попречуваат секојдневниот живот.

Шефот на тимот научници кои го работеле споменатото истражување, Ричард Пето изјави за BBC дека тврдењето дека нема ризик од кусотрајното земање хормонска заменска терапија „едноставно не се вистинити“, бидејќи истражувањето покажува дека на милион жени коишто ги користат хормоните за надоместување поради тоа ќе се појават илјада случаи рак на јајниците. Според истражувањето, ризикот се намалува по престанувањето на земањето со заменската терапија.

Оваа терапија веќе ја следи од претходно утврдениот зголемен ризик од ракот на дојката, меѓутоа утврдено е и дека го намалува ризикот од остеопороза и ракот на цревата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП