18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Ѓаволите“ ќе сторат се за да го задржат најдобриот играч сезонава

„Ѓаволите“ ќе сторат се за да го задржат најдобриот играч сезонава

de gea 3596

Долгоочекуваната вест поврзана со договорот на Давид де Геа со Манчестер Јунајтед, конечно беше објавена. Агентот на Шпанецот, Хорхе Мендеш откри дека преговорите со шефовите на „црвените ѓаволи“ кончено стартуваа.

Шпанецот е во неверојатна форма од почетокот на сезоната и во последните недели дури се зборуваше за сериозен интерес од страна на Реал Мадрид кон него. Во Шпанија дури објавија дека тој има прелиминарен договор со „белите“ за трансфер во текот на летото.

„Можам официјално да објавам дека почнав официјални преговори со Манчестер Јунајтед за продолжување на договорот на Давид. Информациите дека тој има договор со Реал Мадрид и ќе одиме таму, се лага. Се уште не сме потпишале ништо со никого. Играчот сам ќе одлучува што е најдобро за неговата иднина. Штом сме почнале преговори со Јунајтед, значи на него му се допаѓа тука и сака да остане. Но, сепак треба да ги видиме и параметрите“, сподели Мендеш.

Токму поради оваа информација дека Реал Мадрид нема шанса да потпише со Давид де Геа, „белите“ веќе почнаа да ја истражуваат опцијата за привлекување на Тибо Куртоа од Челзи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП