1 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИУточнета брзината на ’атомскиот часовник“ на Вселената

Уточнета брзината на ’атомскиот часовник“ на Вселената

vselena casoovnik 5

Нуклеарните физичари му ги презентираа на светот новите прецизирани податоци за периодот на полураспаѓањето на нестабилниот изотоп железо – 60, чијшто атом може да се најде во материјата од остатоците на суперновите, протопланетарните дискови и другите вселенски објекти, се наведува во статијата објавена во научното списание Physical Research Letters.

„Периодот на полураспаѓањето на железо – 60 е основата и мерката за оправданоста на сите теории, коишто го опишуваат процесот на експлозија и исчезнување на Супернова и перипетиите за раѓањето на Сончевиот систем. Бидејќи овој изотоп се појавува само во Суперновите, присуството на неговиот атом на Земјата зборува за тоа дека паралелно со нас во последните 10 милиони години се случувале експлозии на ѕвездите. Тие можеле да предизвикуваат остри промени во климата на планетите, па дури и да послужат за ’активирање’ на раѓањето на Сончевиот систем пред 4 милијарди години“, вели Антон Волнер, од Националниот универзитет на Австралија во Канбера.

Според Волнер, до објавувањето на нивниот труд, научниците немале прецизни податоци за тоа колку брзо се распаѓаат атомите од тие вселенски „атомски часовници“, како што го нарекуваат изотопот железо – 60 научниците во споменатата студија. Процените беа многу различни, дел од физичарите сметаа дека периодот на полураспаѓање на овој изотоп изнесува 1,5 милиони години, а други беа понаклонети кон побавното „функционирање“ на овие ткн атомски часовници – на 2.,62 милиони години.

Австралиските физичари, со помош на своите швајцарски и австриски колеги, ги прецизираа споменатите процени, па според нив, периодот на полураспаѓање на железо – 60 изнесува 2,6 милиони години. Тие биле во можноста да ја зголемат прецизноста на мерењата благодарение на новата технологија за екстракција на атомите од железо -60 од потрошеното нуклеарно гориво, каде што тоа постепено се акумулира во текот на работењето на нуклеарните централи, како и со специјалниот спектрометар на масата, кој го создадоа инженерите од австралискиот Национален универзитет.

Како што истакнува во студијата Волнер, прецизирањето на податоците за брзината на „отчукувањето“ на атомските часовници во Вселената ќе им помогнат на астрономите попрецизно да ја одредат возраста на протопланетарните дискови надвор од Сончевиот систем и да ја следат фреквенцијата на експлозиите на Суперновите и нивните физички карактеристики.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП