3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКамилица и киви за подобар сон

Камилица и киви за подобар сон

kamilica-chaj-caj-kamilica

Докажано е дека тмурното зимско време лошо влијае на расположението и квалитетот на сонот.

Сите оние кои страдаат од несоница, експертите ги советуваат да внимаваат на исхраната и редовно да се занимаваат со физички активности и своето мени да го збогатат со киви, ореви и бадеми, како и со чај од камилица.

Секојдневното консумирање на киви, благодарение на богатото количество на витамин Ц, калиум и влакна, го зајакнува имунитетот, го штити срцето и респираторните органи, го забрзува заспивањето и го подобрува квалитетот на сонот.

Оревите содржат протеини и омега 3 масни киселини, па го подобруваат лачењето на мелатонин, хормон задолжен за регулирање на спиењето.

Бадемите кои се богати со магнезиум и витамин Е, исто така, го штитат срцето, артериите и коските и воедно спречуваат несоница.

Чајот од камилица докажано има седативно дејство и го смирува нервниот систем, па е идеален напиток по напорниот работен ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП