24 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНеколку начини како да заработите од изработка на апликации

Неколку начини како да заработите од изработка на апликации

apli pla

Изработката на апликации е забавно, но може и да направи сериозен профит. Постојат разни модели за наплата и доколку сте во процесот на развивање на мобилна апликација, треба да размислите кој е вистинскиот модел за вас.

Многу е важно на стартот да ја донесете оваа одлука, затоа што таа може да влијае на развојот на вашата апликација. Моделот на заработка е неразделно поврзан за природата на апликацијата, и обратно. Затоа еве четири основни начини како да го наплатите вашиот труд.

„Freemium“

„Freemium“ e многу популарен модел за монетаризација во светот на игрите и апликациите. Според извештаите, 76 oтсто од заработката на „Apple“ од продавницата за апликации во САД, а преку 90 проценти во Азија, доаѓаат токму од користењето на оваа тактика. Во основа, „Freemium“ апликациите се бесплатни, но одредени аспекти при користењето се наплаќаат. Дополнителните содржини и функции се отклучуваат во реално време со купувањето преку апликацијата. На овој начин се руши бариерата која кај потенцијалните корисници ја прави иницијалното купување. Исто така, делува чесно некој да ја тестира апликација, пред него да се одлучи за неа да вложи пари. Почекајте некое време, а кога вашите корисници ќе се навикнат на апликацијата, понудете им фиксна цена за претплата на месечно ниво.

„Апликации за кои се плаќа еднаш“ (one-time paid)

Корисникот плаќа за да ја превземе апликацијата. Надоградбите и додатоците се бесплатни. Ако планирате апликацијата да ја лансирате со овој модел на плаќање, потрудете се цената да биде доволно неодолива за корисникот да плати без претходно тестирање. Проблемот кај овој модел е тоа што нема нова заработка од старите корисници. За континуиран приход ќе морате да работите на стекнување на нови корисници. Како да донесете одлука дали вашата апликација треба да го следи овој метод? Најголем број апликациите кои се наплатуваат донесуваат значителна вредност за корисниците без дополнителни додатоци. Тие се сведуваат на подобар дизајн и олеснување при користење. Расмислете дали вашата апликација, сама по себе, е доволна за корисникот.

„Апликации кои се плаќаат со дополните додатоци кои се наплатуваат“.

Овој хибриден модел е од поново време. Некои сметаат дека не е фер да се бараат пари за веќе платена апликација. Но, доколку иницијалната вредност на вашата апликација е доволно голема, а отклучувањето на нешто сосема ново, тогаш и овој модел е сосема прифатлив.

„Бесплатни апликации со реклами“.

Многу апликации го користат токму овој модел. Идеата е превземањето на апликацијата да не треба да се плати за неа, но за време на користењето во интерфејсот да се активираат ненаметливи рекалми, кои ве следат додека не ја исклучите апликацијата. Меѓутоа, пари се заработуваат само ако голем број на корисници редовно ја користат апликацијата.

Како што гледате постојат голем број начини да ја наплатите апликацијата. Нормално, предуслов е таа да биде доволно интресна или на корисникот да му решава некој проблем. А за тоа, покрај добрата идеа, потребно е и знаење. Доколку ве интересира како бргу да научите квалитетно да правите апликации, размислете да се запишете на некоја програма која е специјализирана за развој на мобилни апликации. Па така ќе го скратите патот до заработката.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП