
Ако немате време за вежбање, од денес повеќе нема да имате таков изговор бидејќи имаме одлично решение за вас.


Ако немате време за вежбање, од денес повеќе нема да имате таков изговор бидејќи имаме одлично решение за вас.
Истражувачите открија дека дури и со многу малку активности можете да го намалите ризикот од срцеви болести. А со оваа десетминутна рутина ќе успеете и да ослабите.
Потребни ви се десет минути за пешањето со промена на брзината на темпото. Земете со себе тајмер или часовник и на секоја минута-две менувајте го темпото според следниот редослед…
1 минута: Одете со умерено темпо (пробајте да зборувате – ако ви е тешко но не и невозможно да зборувате, тогаш тоа темпо е добро за вас)
1 минута: Одете со брзо темпо (кога нема да можете да зборувате, тогаш одите доволно брзо)
2 минути: Одете со лесно темпо (разговорот би требало да се одвива лесно)
1 минута: Одете со брзо темпо
2 минути: Одете со лесно темпо
1 минута: Одете со брзо темпо
2 минути: Одете со лесно темпо
Ако по некое време оваа рутина ви стане премногу лесна, додадете 15 секунди во брзото одење, а тие 15 секунди одземете ги од лесното одење. За да го зголемите интензитетот, правете малку пократки чекори (долгите чекори можат да ве забават).