3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ6 начини засекогаш да го исфрлите шеќерот од исхраната

6 начини засекогаш да го исфрлите шеќерот од исхраната

boximage (2)

Упорно се обидувате да престанете со слатките, но тоа не ви оди од рака? Ви нудиме 6 совети како засекогаш да ги исфрлите овие непријатели на здравјето од исхраната!

Засладете го јогуртот природно (заштеда на 2-4 супени лажици шеќер)

Овошјето во овошните јогурти содржи речиси 30 гр шеќер. Одлучете се за обичен јогурт, па сами во него додадете боровинки или јаболки, банани и наросете со цимет.

Паметно изберете ја ужинката (заштеда на 2-10 супени лажици шеќер)

Наместо штангли, слатки и бомбони, јадете ореви, бадеми, зеленчук и овошје богато со влакна (јаболки, круши, боровинки) или цели житарки како пуканки без додатоци.

Разблажете го овошниот сок (заштеда на 2-3 супени лажици шеќер)

Овошните сокови содржат околу 10 проценти додаден шеќер. Помешајте го сокот со идентична количина на вода и преполовете го внесот на калории.

Заменете ги вашите житарици (заштеда на 2-4 лажици шеќер)

Водете сметка кои житарки ги јадете, бидејќи многубројните купечки житарки содржат многу адитиви и шеќер. Подобро да ги купите рефус и да не ги избирате спакуваните со додатоци, туку нивната поздрава варијанта.

Паметно изберете десерт (2-10 лажици)

Грилуваното овошје е сјаен десерт, бидејќи е слатко и ја обезбедува здравата доза на влакна.

Исфрлете ги газираните пијалоци (заштеда на 10 лажици шеќер)

Прво заменете ги со нивните диетални варијанти, за да го редуцирате внесот на калории, а сепак ќе ги консумирате саканите пијалоци. По една недела, заменете ги со кисела вода и парче лимон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП