3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЕве кои намирници се навистина здрави

Еве кои намирници се навистина здрави

Sajt-hrana-interaktiven

Новинарот Дејвид Мекендлес направи интерактивен сајт со информации за влијанието на различни намирници на здравјето.

Секој ден во светот експертите објавуваат различни студии во врска со тоа која храна е здрава, а резултатите на различни истражувања се контрадикторни – едни велат дека кафето е здраво, а други дека не.

Дејвид започнал да собира информации и истражувања и направил интерактивен сајт базиран врз научни докази, со цел да им помогне и олесни на луѓето да ги одберат вистинските намирници.

На интерактивниот сајт, намирниците се поделени во категории во согласност со тоа дали доказите за влијанието на здравјето се „силни“, „добри“, „ветувачки“, „дефинитивни“, „ги има малку“, „едвај ги има“ или воопшто „нема докази“.

Така на пример, нема докази дека школките се афродизијак, а малку докази има дека зелениот чај го регулира нивото на лошиот холестерол и сл.

Посетете го неговиот интерактивен сајт и погледнете кои и колку намирници се навистина здрави според научните докази.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП