28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Хуриет“: Телевиските серии најважен извозен продукт на Турција

„Хуриет“: Телевиските серии најважен извозен продукт на Турција

sultanot 333

Со зголемување на популарноста во речиси 40 земји, турските драмски телевиски серии станаа најважен извор на средства за економијата и инструмент за влијание на власта, наведува „Хуриет Дејли Њуз“.

Актерката Туба Бујукустун е една од најполуларните личности на Блискиот Исток.

Неодамнешната студија покажа дека таа е меѓу најпознатите имиња во арапскиот свет, а кукли Барби со нејзиниот лик имаат колекционерска вредност во Русија.

Позната од телевиските екрани во Турција повеќе од десет години, Бујукустун освои повеќе награди од разни места во светот, почнувајќи од Србија и Црна Гора, па се до Монте Карло.

Популарната серија во која таа ја има главната улога, „Аси“ во моментов се емитува во 67 држави.

Таа неодамна се појави и на телевизијата Ем-Би-Си од Дубаи. Нашироко се проширени гласините дека емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани, е еден од најголемите нејзини фанови, а таа е номинирана и за најголемата престижна награда „Еми“ за најдобра актерка.

За помалку од десет години турските телевиски серии, станаа културен феномен и важен финасиски извор.

Продукциски тие стануваат се поголеми со учествуваат големи светски ѕвезди, а сценографијата и облеката во сериите се се пораскошни.

Статистиката на турското Министерство за култура и туризам покажува дека телевиските серии земаат се поголем замав во последнива деценија. Над 15 илјади телевиски часови серии биле продадени во последните две години во над 75 земји и донело приходи од речиси 200 милиони долари. Во 2001 година оваа сума била околу милион долари, а прогнозираната вредност за 2023 година е една милијарда долари.

Приближно сто турски серии се продадени на Блискиот Исток, Балканот, кавкаскиот регион, арапскиот свет, па дури и во Авганистан, Пакистан и Шветска. Стари и нови серии, како што се „Кога лисјата паѓаат“, „Истанбулсака бајка“, „Мојата мајка“, „Ѓумуш“ и „Долината на волците“, се емитуваат во многу земји како Ирак, Иран, Египет, Бугарија, Грција, Македонија, Русија и Казахстан.

Според истражувањата спроведени од Турската организација за економски и социјални истражувања (ТЕСЕВ), во 16 блискоисточни земји, три од четри лица гледаат турски серии.

Иако сериите кои претставуваат реалистична слика на средната класа во Турција и животот на овие луѓе, се слични со латиноамериканските сапунски опери и ТВ новели, кои во 80-те години беа на врвот на поп културата.

Турските серии често пати прават коорелација на животот и гламурот на големите имиња во Истанбул, како и на феудалното угнетување на селскиот живот. Во нив се раскажува за опасни љубовни приказни и игри за власт со сите класични архитипови на една сапунска опера.

Најострите класни разлики во поголемиот дел од овие драми, јасно се одвоени и честопати престроги. Богатите се непристојни со сомнителен морал, додека сиромашните се почитувани како високоетички луѓе. Приказните често пати се случуваат во светот на богатите, со големи и раскошни куќи, автомобили, облека и забави, кои се недостижни за 99 проценти од гледачите.

Меѓу гледачите надвор од Турција, овие серии дефинитвно служат за промоција на туристичката атрактивност на земјата, а посебно на Истанбул.

Судејќи според големата популарност на турските телевиски актери надвор од границите на Турција, нивниот добар изглед дефинитивно е поен пулс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП