19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШестте најдобри инвестиции на Ворен Бафет на сите времиња

Шестте најдобри инвестиции на Ворен Бафет на сите времиња

1415627760voren-bafet

Една од темите која овие денови се провлекува на инвеститорските собири и ТВ емисиите е дали „кристалната топка“ на Ворен Бафет (конечно) напукнала?

На средината на октомври, во вестите се појави вест дек Бафет изгубил две милијарди долари на акциите во „Coca-Cola“ и „IBM“, иако тој признава дека со овие акции „игра на долг период“ и дека од портфолиото на „IBM“ нема да излезе додека цената на неговите акции е вака евтина.

Минатата година, книговодствената вредност на „Berkshire Hathaway“ слабо го следеше растот на S&P 500 индексот, со многу помал раст во однос на изминатите пет години и тоа прв пат во историјата.

На почетокот на годината „New York Times“ објави студија според која способноста на Бафет како инвеститор да работи и заработува подобро од целокупниот пазар – исчезнала.

Ви ги претставуваме најисплатливите инвестиции на Бафен на сите времиња, рангирајќи ги според стапката на поврат. Многу е тешко да се направи листа од ваков вид, со оглед на тоа дека Бафет е сигурно најголемиот инвеститор кој некогаш тргувал со акциите, па на листата не се вклучени инвестициите како што е „Coca-Cola“, „Capital Cities/ABC“, „Gillette“ и „Geico“

PetroChina

Просечен годишен поврат: 52%

Вкупен принос: 720%

Вкупен број на години на инвестирање: 5

Бафет е познат по својата инвестициска мантра (Buy what you know) и неговата постојана желба да инвестира во американските компании, меѓутоа во 2002 и 2003 година, „Berkshire“ купи 1,3 проценти од сопственоста на кинеската доминантна нафтена компанија „PetroChina“ за 488 милиони долари. Во тоа време, со 400.000 вработени оваа компанијата имаше огромни трошоци за работењето, со пазарна капитализација од 37 милијарди долари, а Бафет сметаше дека ваква компанија вреди 100 милијарди долари.

По растот на цените на нафтата и откривањето на нови пронаоѓалишта, акциите на „PetroChina“ се зголемија, така што, во времето кога Бафет излезе од кинеската компанија, пазарната капитализација изнесуваше 275 милијарди долари, а „Berkshire“ заработи 3,6 милијарди долари.

BYD

Просечен годишен поврат: 51%

Вкупен принос: 671%

Вкупен број на години на инвестирање: 6

Во 2008 година долгогодишниот советник на Бафет, Чарли Мангер, директор на кинеската компанија „Van Cuang-Fua“ го опиша како човек кој никогаш не го сретнал во животот, со способност да решава проблеми како Томас Едисон и да ги извршува работите како Џек Велч.

На крајот на 2008 година, „Berkshire“ купи 10 проценти од „BYD“ за 230 милиони долари, а денес акциите на „BYD“ вредат околу 1,8 милијарди.

Freedie Mac

Просечен годишен поврат: 24%

Вкупен принос: 1.525%

Вкупен број на години на инвестирање: 13

Во 1998 година Бафет за 108 милиони долари ја купи осигурителната куќа „Freddie Mac“, кога цената на акциja изнесуваше 4 долари, а денес една година подоцна, ги продаде по цена од 70 долари. Во екот на финансиската криза во 2008 година, „Freddie Mac“ заедно со комапнијата-сестра „Fannie Mae“ била значително изложена на проблеми, така што акциите денес вредат околу 2 долари.

Berkshire Hathaway

Просечен годишен поврат: 22 %

Вкупен принос: 1.745.300%

Вкупен број на години на инвестирање: 49

Кога Бафет ја купи „Berkshire Hathaway“ по цена од 12 долари по акција, тоа беше текстилна компанија и еден од најголемите работодавци во Масачусетс, но многу брзо од неа направи основа за своите инвестициски потфати во иднина.

Бафет во 1985 година излезе од текстилниот бизнис и го пресели седиштетo на компанијата во својот роден град, Омахa.

Вистинскиот успех на „Berkshire Hathaway“ е во комбинацијата на способноста на генерирањето на пари во областа на осигурувањето и способноста на Бафет да ги инвестира тие пари подобро од било кој друг на ова планета.

Бафет се покажа како менаџер кој знае да „намириса проблем“. Кoга некоја компанија покажува дека е во проблем, Бафет „влегува“, презема, оживува и инвестира. Конгломератот на Бафет во моментов е четврти на листатата „Fortune 500“ и цената на акциите изнесува околу 210.000 долари.

Wells Fargo

Просечен годишен поврат: 21%

Вкупен принос: 9,417 %

Вкупен број на години на инвестирање: 24

Бафет неколку пати изјави дека не сака да инвестира во банки, но тоа свое правило неколку пати го прекрши, по „Wells Fargo“, со банките „Bank of America“ и „US Bancorp“.

Бафет прв пат инвестираше во „Wells Fargo“ во 1990 година и тоа 290 милиони долари, во време кога оваа банка беше во голема кредитна и штедна криза, но тој ги искористи пазарните проблеми за да инвестира во тогаш веројатно најквалитетната банка која можеше да ја најде.

Таа година, банката вредеше 2,9 милијарди долари, додека на пример денес вреди околу 275 милијарди долари и минатата година заработи повеќе од било која друга банка во САД. „Berkshire“ е најголемиот инвеститор во оваа банка.

The Intelligent Investor

Просечен годишен поврат: многу

Вкупен принос: 45 милијарди долари

Вкупен број на години на инвестирање: 63

Бафет еднаш кажа дека неговата најдобра инвестиција во која инвестирал не се ниту акциите ниту обврзниците, дури ни недвижнините, туку купувањето копија од книгата „The Intelligent Investor“, која ја напиша Бенџамин Грахам. Бафет дури призна дека книгата содржи насоки според кој тој инвестира и до денес, а оваа книга му ја предложи дури и на Бил Гејтс.

Тој еднаш напиша:

„Не се сеќавам колку платив за првиот примерок од книгата „The Inteligent Investor“. Колку и да чинело, тој ја отсликува вистина на реченицата „Цената е она што го плаќате, вредноста е она што го добиватe. Од сите инвестиции во мојот живот, оваа книга е мојата најголема инвестиција“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП