6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗнаете ли како цигарите влијаат на вашиот сон?

Знаете ли како цигарите влијаат на вашиот сон?

276084-smoking1

Кога последен пат спиевте „како бебе“? На крајот на долгиот и стресен ден му се радувате на сонот, но дали спиете цели осум часа?

Иако препорачаното трање на сонот е релативно и зависи од лице до лоце, германските истражувачи открија дека цигарите се главната препрека за цврстиот сон.

Имено, експертите од Медицинскиот факултет во Берлин проучувале повеќе од илјада пушачи и исто толку непушачи, со акцент на квалитетот на сонот. Тие откриле дека една четвртина од зависнците од цигари можат да се класифицираат во категоријата на лица кои имаат проблематичен сон или страдаат од несоница. Исто така, 17 проценти од пушачите спиеле пократко од шест часа.

„За споредба, само седум проценти од непушачите имале еднакви проблеми со сонот. Нашето истражување не може да докаже како пушењето непосредно му штети на квалитетот на сонот, бидејќи пушачите можат да имаат и некои дуги навики кои оставаат трага на сонот, на пример гледање на ТВ во ноќните часови или ретко занимавање со спорт, но многу е веројатно дека цигарите се одговорни поради стимулативното дејство на никотинот на телото“, објасни д-р. Стефан Корс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП