5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчестер Јунајтед избегна пораз на гостувањето кај ВБА

Манчестер Јунајтед избегна пораз на гостувањето кај ВБА

manut

Повеќекратниот шампион на Англија Манчестер Јунајтед успеа да се спаси од пораз на синоќешниот последен натпревар од 8.коло од Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ на гостувањето кај Вест Бромвич Албион со погодок во 87.минута го изедначија резултатот на 2:2.

Со голот на Стефан Сесињон домаќинот поведе во 8.минута. На почетокот на вториот дел Маруан Фелаини во 48.минута изедначи на 1:1, а ВБА дојде до ново водство во 66.минута преку Саидо Бераино.

Голот за еден бод за Манчестер Јунајтед во 87.минута го постигна Делеј Блинд.

Манчестер Јунајтед со 12 бода остана на 6.место на табелата, додека ВБА со 9 бодови е на 14.место.

Лидер на табелата е Челзи со 22 бода, пред шампионот Манчестер Сити со 17.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП