20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи e фаворит за потписот на Германецот!

Челзи e фаворит за потписот на Германецот!

Khedira-Chelsea-Move

Халфот на Реал Мадрид Сами Кедира речиси сигурно ќе го напушти клубот во текот на зимата.

Германскиот репрезентативец не успеа да се договори со раководството на европскиот клупски шампион за новиот договор. Сегашниот договор на 27-годишниот играч од средниот ред истекува на крајот на сезоната и од Реал ќе се обидат да го продадат во јануари, за си вратат дел од инвестираните пари во него.

Според „London Evening Standard“, „кралевите“ се подготвени да го продадат Кедира во друг тим за сума од 10 милиони фунти, а фаворит за неговиот потпис е Челзи.

Менаџерот на „сините“, Жозе Мурињо одлично го познава германскиот репрезентативец од заедничката работа на „Сантијаго Бернабеу“ и сака да го привлече на „Стемфорд Бриџ“.

Друг лондонски клуб – Арсенал, исто пројавува интерес кон Кедира, но сепак останува уште малку време до зимскиот преоден рок, па да видиме каква ќе биде судбината на Германецот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП