28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако тиквата влијае на вашата кожа

Како тиквата влијае на вашата кожа

tikvabundevakoza64654

Сега е сезона на тиквата, а лицата кои ја сакаат ја консумираат во големи количини. Но изгледа дека тиквата не е добра ако сакате да имате убава кожа.

„Ако внесувате премногу зеленчук или храна која има портокалова боја, кожата може да ви стане малку портокалова“, вели дерматологот Витни Боув.

Не влијае само тиквата на бојата на вашата кожа. Портокаловите намирници содржат соединение кое е одговорно за портокаловата нијанса на кожата.

„Ако јадете тиква, моркови или пиперки, се зголемува нивото на бета каротен во крвта, па кожата може да ви стане жолтеникава или портокалова“, вели тој.

Првите знаци за зголемување на нивото на бета каротен во организмот се покажуваат на рацете и стапалата.

„Најчесто тоа прво се забележува на дланките и на табаните. Тука кожата е многу дебела, па затоа и бојата се забележува полесно“, објаснува тој.

Но ако приметите дека вашата кожа има поинаква боја, не паничете.

„Во најголем број случаи тоа е козметички проблем, но се случува и да постои проблем, како што е забавената работа на тироидната жлезда. А може да биде и сигнал за проблем со бубрезите и црниот дроб. За секој случај обратете се кај вашиот доктор доколку забележите одредена промена на кожата, советува Боув.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП