28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали знаете кое овошје содржи најмногу, а кое најмалку шеќер?

Дали знаете кое овошје содржи најмногу, а кое најмалку шеќер?

Fruits-and-Vegetable-Wallpapers-HD

Еве што треба да знаете кога комбинирате намирници за овошна салата, за да може да го контролирате внесувањето на шеќер во вашето тело.

 

Овошје со највисоко ниво на шеќер

1. Смоква

smokvi451544

На многумина ова им е омиленото летно овошје, кое е исклучително слатко. Ако изедете чаша свежи смокви, знајте дека во себе сте внесле околу 27 грама шеќер, но исто така и многу корисни влакна и калиум.

2. Манго

Мангото е тропско овошје кое изобилува со шеќер. Доколку изедете една чаша манго може да добиете 23 грама шеќер, но и една третина од вашата дневна доза на витамин А, кој е корисен за подобар вид и поздрави очи. Во него се содржани и многу други витамини, аминокиселини и антиоксиданти.

3. Цреши

creshi87i8i8i87

Најслатко овошје за многумина се токму црешите кои содржат 18 грама шеќер по чаша, а исто така имаат низок гликемиски индекс кој спречува појава на хипогликемија. Покрај тоа, тие се богати со калиум, го намалува лошиот холестерол и содржи цела палета на витамини и минерали.

4. Грозје

И црното и белото грозје содржат подеднаква количина на шеќер (околу 15 гр во една чаша). И двата вида се богати со влакна, додека црното грозје е малку побогато со антиоксиданти.

 

Овошје со најниско ниво на шеќер

1. Авокадо

73_avokado

За разлика од горенаведените егзотични намирници, авокадото припаѓа на групата овошје со изразено ниско ниво на шеќер – само еден грам во целиот свеж плод. Богат е со калиум, има многу висока хранлива вредност, содржи корисни масни киселини и го намалува нивото на холестерол

2. Брусница

Доколку сте љубител на брусницата не мора да се грижите дека сте претерале со шеќер, бидејќи една чаша свежа брузница содржи само 4 грама шеќер. Помалку киселиот вкус се должи на големите количини на витамин Ц, плодот е познат по своите чудесни лековити својства, поради кои со право е наречен природен антибиотик.

3. Малини

624-400-malini

Љубителите на шумските плодови, исто така, можат да се релаксираат кога станува збор за шеќер. Ако користите малини за овошен пијалак, знајте дека една чаша малини содржи 5 грама шеќер и многу растителни влакна. Исто така, малината го намалува шеќерот во крвта и има антивирусно дејство.

4. Капини

Со 7 грама шеќер во една чаша и капината е релативно сиромашна со шеќер, а богата со влакна и витамините Ц, К и Б9.

5. Јагоди

Истата количина на шеќер ќе ја пронајдете и во една чаша јагоди, во кои има 85 милиграми витамин Ц, што ја задоволува дневната препорачана доза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП