24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ3 нешта кои мора да престанете да ги правите ако сакате да...

3 нешта кои мора да престанете да ги правите ако сакате да ослабите еднаш засекогаш

72731_profimedia0006635364_630x0

За да бидете поздрави и посреќни, мора да водите здрав живот, да бидете активни, многу да се движите и да имате здрава исхрана. Сепак, овие три работи се најважни. Доколку се откажете од нив, ќе успеете да се ослободите од вишокот килограми еднаш засекогаш!

Ден за опуштање

Многу диети не се толку строги и допуштаат еден ден неделно да отстапите од диетата и да изедете неколку залаци од храната што ја сакате, а од која би требало да се воздржувате. Но, обично секој претерува со јадењето на таа храна. Тоа што со нездрава храна ќе го прославите јадењето на здрава храна е исто како алкохоличар со пиво да го прослави месецот без алкохол. Тоа не функционира. Бидете умерени и се ќе биде полесно.

dieti2

Седумдневна диета

Колку пати сте држеле некоја од седумдневните диети? Дали ви успеало да симнете неколку килограми? Понекогаш тие диети може да бидат успешни, но само ако строго се придржувате до правилата и го почитувате секој напишан грам. Никаква голема промена не можете да направите за само седум дена – за здрав живот е потребно многу повеќе време.

72732_profimedia0008813831_630x0

Чувство на вина

Кога нешто ќе изедете, немојте да се обвинувате себе си, дури и ако претерате. Поради тоа само ќе бидете нерасположени и потоа повторно ќе јадете за да се утешите, па така ќе влезете во магичниот круг на јадење и обвинување. Внимавајте на вашите избори и внимавајте на количината од тоа што го јадете. Ако некогаш претерате, простете си, затоа што сепак и вие сте само човечко суштество со слабости.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП