26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул со огромна плата ќе го привлекува Ројс

Ливерпул со огромна плата ќе го привлекува Ројс

rojsko

Раководството на Ливерпул е подготвено да му предложи преголема плата на Марко Ројс, за да го обезбеди потписот на германскиот репрезентативец уште во јануари. Станува збор за плата од 200 илјади фунти неделно, што треба да ја примамат ѕвездата на Борусија Дортмунд.

Поранешниот играч на Борусија Менхенгладбах е приоритет во плановите на Ливерпул за 2015-та година. Како што е познато, Ројс одбива да го продолжи договорот со „жолто-црните“, кои веќе бараат негов заменик.

Од Ливерпул нема да го чекаат крајот на преговорите помеѓу Дортмунд и плејмејкерот на ПСЖ, Хавиер Пасторе, па ќе ја упатат својата понуда.

Во моментот Ројс добива само 60 илјади фунти неделно на „Сигнал Идуна Парк“. Ако тој го прифати предлогот на Ливерпул за 200 илјади неделно, ќе стане еден од најплатените играчи во историјата англискиот гигант.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП