28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОваа физичка активност е најдобриот начин да го одржите здравјето

Оваа физичка активност е најдобриот начин да го одржите здравјето

10265793254366cdd65b52500515760_orig

Научникот Кејти Бауман тврди дека за добро здравје одењето или пешачењето е подеднакво важно како и квалитетот на храната која ја јадеме.

Во својата нова книга „Move Your DNA: Restore Your Health Through Natural Movement“, оваа биохемичарка открива дека ниту една физичка активност не е така ефикасна како пешачењето.

Нејзината книга е само мал дел од огромниот број на нови истражувања кои се занимаваат со прашањето дали врската помеѓу седењето и активностите е поважна од самите физички активности.

Бауман истакнува дека многу од најактивните луѓе поминуваат доста време седејќи. Загрижувачки е тоа што во современиот свет расте бројот на луѓе кои се активни час или два часа дневно (или секој втор ден), а потоа преостанатото време го поминуваат седејќи. А за жал еден час вежбање не можат да ги поништат 10-те часа поминати во седење.

Таа тврди дека токму константното движење е тоа што е неопходно за формирање на корисни состојќи во телото. А добра вест е тоа што тоа не мора да бидат исцрпувачки вежби. Телевизијата упорно не убедува да веруваме дека треба да се чувствуваме „фит“ по напорниот тренинг, па многумина не се свесни дека за почеток доволно е три пати дневно да прошетаме по 5 минути.

Што се однесува на тоа колку чекори е неопходно да направите во текот на денот за да го сочувате здравјето, научниците наведуваат дека 7.500 чекори се сосема доволни, а 10.000 чекори би биле идеални.

Тие додадоа дека иако со трчањето и теговите се постигнуваат одредени цели, сепак пешачењето има најшироко позитивно дејство на организмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП