29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКаталонскиот гигант се согласи за поделба на ТВ правата

Каталонскиот гигант се согласи за поделба на ТВ правата

barsa tv

Барселона ја прифати идејата да сподели дел од своите приходи од телевизиските права, пишува „Блумберг“, повикувајќи се на двајца неименувани, но добро информирани извори.

Целта е да се постигне фер поделба на парите. Каталонците се согласиле од сезоната 2016-2017 нивните приходи по оваа ставка да не се повеќе од четири пати поголеми во однос на оние на клубот кој зема најмалку.

Во моментов Барселона и Реал Мадрид ги продаваат самостојно телевизиските права. Секој од нив зема околу 135 милиони евра од „Медиапро“, а тоа е скоро 6,5 пати повеќе од парите на најмалите клубови во Примера дивизион.

Во последните години шпанските клубови често ја покренуваат оваа тема. Според нив разликата треба да се намали за да можат останатите тимови да се конкурентни. А фактите се присутни – двата водечки клубот станаа шампиони во девет од последните десет сезони.

Лигата се стреми да го оствари предлогот до крајот на годината и да започне колективна продажба на правата. Во моментов клубовите ги продаваат поединечно, а нивната вкупна вредност е околу 800 милиони евра.

Неодамна претседателот на Реал, Флорентино Перез коментираше дека не е јасно дали тоа е најдобро решение. Според него тоа е најважното прашање како да се зголемат приходите во целина.

Како пример на оваа тема секогаш се дава Премиер лигата. Англиското првенство ги продаде телевизиските права за скоро 2 милијарди евра. Шампионот Манчестер Сити зеде 123 милиони евра, а разликата со последниот по приходи Кардиф, е само околу 1.5 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП