29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ3 грешки кои ги правиме со компирите

3 грешки кои ги правиме со компирите

kompiri545445

Компирот дефинитивно е најраспространетата намирница во светот, но за жал често и не толку ценета намирница. Интересно е тоа што човекот хранејќи се само со компир може да се одржи во живот и тоа благодарение на минералите и витамините кои тој ги поседува. А токму тие важни витамини се витаминот Ц, Б1 и Б2, кои треба да знаеме да ги сочуваме и од компирот да го извлечеме најдоброто, а за сето тоа потребно е да ги избегнеме овие три најчести грешки.

Готвење на излупен и исецкан компир

Варен со корта, компирот успева да задржи дури третина од својата количина витамин Ц, додека печен во целост останува хранлив. Освен тоа, кората од компирот содржи флуор, добро познат елемент кој ги чува забите и спречува кариес.

Кога не можете да го избегнете лупењето, направете го тоа, но внимателно исфрлајќи минимален слој од кората бидејќи под неа се крие цела ризница на протеини.

Замрзнување на јадења со компир

Компирот свеж или јадењата кои го содржат не е пожелно да се замрзнува, имено на толку ниска температура скробот се претвора во шеќер и станува штетен. Дрвените кутии сместени во темна и сува просторија се идеални за чување на компирот. Доколку тој почне да рти, потребно е веднаш да го искористите.

Подгревање на компирот

Компирот кој е термички обработен не треба повторно да го подгреваме, бидејќи по подгревањето ги губи своите нутритивни својства. Имено во самото срце на компирот за време на подгревањето доаѓа до ослободување на тешки метали, поточно на токсичниот соланин кој ги уништува протеините во организмот. До труење нема да дојде со само една порција подгреан компир, но секако тоа треба да го избегнуваме. Нутриционистите препорачуваат компирот да се консумира оладен, бидејќи тогаш во него се зголемува отпорниот скроб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП