26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПалота: Стротман не е на продажба!

Палота: Стротман не е на продажба!

kevin strotman2222

Сопственикот на Рома, Џејмс Палота, тврди дека Кевин Стротман нема да биде продаден, и покрај шпеклуациите кои во последните недели го тврдат спротивното.

Стротман во текот на летото беше поврзуван со Манчестер Јунајтед, но поради тоа што беше повреден беше јасно дека до трансфер би можело да дојде дури во јануари.

„Тоа едноставно нема да се случи. Им реков на весниците да не трошат за џабе хартија. Немаме намера да го продадеме Кевин“, вели Палота.

Холанѓанецот се уште се рехабилитира од повредата на коленото која ја заработи во март оваа година, поради која го пропушти и Светското првенство во Бразил, а на теренот би требало да се врати дури на крајот на октомври.

Стротман во Рома пристигна од ПСВ, а во кариерата настапуваше за Утрехт и Спарта од Ротердам.

Тој репрезентативниот дрес го носеше 25 пати, а три пати беше стрелец за националниот тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП